Акционерско друштво за организирана исхрана, угостителство и туризам, агенциско работење и трговија Скопје

Објави


Врз однова на член 387, став 1, член 388 и 388 А од Законот за трговски друштва, УГОТУР АД Скопје свикува седница на Собрание на акционерите на Друштвото и за таа цел објавува :

ЈАВЕН ПОВИК

За свикување на седница на Собрание на УГОТУР А.Д. - Скопје

Седницата на Собранието на акционерите на Друштвото ќе се одржи на ден 22.05.2013 година (среда) со почеток во 12часот, во просториите на Друштвото на ул. 16та Македонска бригада бр.18-Скопје, со следниот

Д Н Е В Е Н   РЕД

Процедурален дел
- Избор на претседавач
- Избор на верификациона комисија
- Извештаи на верификациона комисија

Работен дел
1. Усвојување на записник од седницата на Собранието бр.76 од 09.05.2012 г.

2. Разгледување и усвојување на: годишната сметка, финансиски извештаи за работењето на Друштвото во претходната година, извештаи за работењето на Одборот на директори во 2012 г. и годишниот извештај за работата на службата за внатрешна ревизија за 2012г.

3. Донесување на Одлука за одобрување на работата на членовите на Одборот на директори.

4. Донесување на Одлука за избор на овласте ревизор за 2013 г.

Собранието одлучува само по прашања кои се уредно ставени на дневен ред.
Вклучувањето на нови точки од дневниот ред може да се врши во рок од 8 дена од објавување на Јавниот повик од акционери кои поединечно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас.

Право на учество во работата на Собранието има секој акционер лично или од него овластено лице кое ќе го застапува на Собранието со писмено полномошно, кое се издава за сите акции и само за една седница на Собранието.

Акционерите кои што овластуваат полномошник за седницатља на Собранието, треба задолжително да го известат Друштвото за даденото почномошно во писмена форма. Акционерот кој нема да го извести Друштвото за даденото полнмошно, ќе се смета дека не го дал истото.

Материјалите по точките од дневмиот ред може да се разгледаат во седиштето на Друштвото секој работен ден од 10 до 13 часот или да се најдат на официјалната интернет страница на Друштвото ..:: МАТЕРИЈАЛИ ::..

www.ugotur.com.mk



 

Адреса:

УГОТУР А.Д. – Скопје
Ул. 16 Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Тел. 02/3287861

Факс. 02/3287863

Е-маил: ugotur.ad@hotmail.com / contact@ugotur.com.mk

Веб.       www.ugotur.com.mk

 

Developed by: Global-Net © 2010 UGOTUR. All rights reserved