Акционерско друштво за организирана исхрана, угостителство и туризам, агенциско работење и трговија Скопје

Објави


Врз основа на член 387,став 1, член 388 и 388 А од Законот за трговски друштва, Уготур А.Д.-Скопје свикува седница на Собрание на акционерите на Друштвото и за таа цел објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За свикување седница на Собрание

на Уготур А.Д.-Скопје

Седницата на Собранието на акционерите на Друштвото ќе се одржи на ден 09.05.2012 година (среда) со почеток во 12 часот, во просториите на Друштвото на ул. 16 Македонска бригада бр.18-Скопје,со следниот

ДНЕВЕН РЕД

Процедурален дел

  • Избор на претседавач
  • Избор на верификациона комисија
  • Извештај на верификациона комисија

Работен дел

  1. Усвојување на записник од седницата на Собранието ОДУ бр. 295/2011 и ОДУ бр. 611/2011.
  2. Разгледување и усвојување на: годишна сметка, финансиски извештаи за работење на Друштвото во претходната година, извештај за работењето на Одборот на директори во 2011 г. и годишниот извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија за 2011 г.
  3. Донесување Одлука за распоредување на чистата добивка.
  4. Донесување Одлука за одобрување на работата на членовите на Одборот на директори.
  5. Донесување Одлука за избор на овластен ревизор за 2012 г.

Собранието одлучува само по прашања кои се уредно ставени на дневен ред.

Вклучување на нови точки од дневниот ред може да се врши во рок од 8 дена од денот на објавувањето на јавниот повик од акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5%од вкупниот број акции со право на глас.

Право на учество во работата на Собранието има секој акционер лично или од него овластено лице кое ќе го застапува на Собранието со писмено полномошно, кое се издава за сите акции и само за една седница на Собранието.

Акционерите кои што овластуваат полномошник за седницата на Собранието, треба задолжително да го известат Друштвото за даденото полномошно во писмена форма. Акциононерот кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно, ќе се смета дека не го дал полномошното.

Материјалите по точките од дневниот ред може да се разгледаат во седиштето на Друштвото секој работен ден од 10 до 13 часот или да се најдат на официјалната интернет страна на Друштвото: www.ugotur.com.mk

„УГОТУР“ Акционерско друштво за организирана исхрана, угостителство итуризам, агенциско работење и трговија- Скопје

Основна главнина на Друштвото ја сочинуваат:

  • Вид на акции:Обични акции
  • Број на акции:866 160
  • Бр. на акции со право на глас:866 160
 

Адреса:

УГОТУР А.Д. – Скопје
Ул. 16 Македонска Бригада бр.18, 1000 Скопје

Тел. 02/3287861

Факс. 02/3287863

Е-маил: ugotur.ad@hotmail.com / contact@ugotur.com.mk

Веб.       www.ugotur.com.mk

 

Developed by: Global-Net © 2010 UGOTUR. All rights reserved